Најава за Titov vrv SkyRace 2023

Вести

“Титов Врв Скајрејс“ – претставува екстремна високопланинска трка во организација на Планинарскиот клуб “Македон“ од Скопје. Вкупна должина на патеката е 22 километри и висинска денивелација од 1.900 метри (искачување и спуштање). Според своите карактеристики, се дефинира како “скајранинг“ натпреварување, а теренот по кој минува е суров и на места каменест. Стартот и финишот на трката се на Попова Шапка на 1.750 мнв, а се искачуваат неколку врвови над 2.500 мнв. меѓу кои и највисокиот на Шар Планина, Титов Врв, со 2.747 мнв.

Овој настан се одржува во континуитет од 2019-та година, со веќе реализирани четри успешни изданија, со присуство на домашни и странски натпреварувачи.

“Титов Врв Скајрејс“ е многу повеќе од само спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Шар Планина и Полошкиот регион, значењето на природата, планинарството и спортскиот дух.

Петтото издание на највисоката планинска трка во Македонија, Титов Врв Скајрејс, ќе се одржи на 04.06.2023 година во соработка со Федерацијата за планинарство на Македонија натпреварот е воедно државно првенство на Македонија во скајранинг.

Стартнината изнесува 1200 денари, покрај организациските трошоци, вклучува уште: електронско мерење на резултати, освежителни станици, метален финишер медал, трака за глава од настанот, награди за победниците.

Пријавите се отворени и можете да ги најдете на следниот линк.

Претходен написи
Rossignol надмина 400 милиони промет раст 28%
Следен напис
Повик за волонтери за Titov Vrv Skyrace