На твитер протекоа фотографии од моменталната состојба Ски центарoт „Кожуф“, со коментар: Ова не е Чернобил, ова е Ски центарoт „Кожуф“.
Сагата на сопствениците на ски-центарот траеше со децении, но сепак на крајот не успееа да го заживеат овој потенцијален скијачки центар од повеќе причини. Своевремено првиот човек на Ски центарот Кожуф Ангел Наков за Дојче веле изјави:
– „Станавме трн во око заради бизнисот со рудниците. Требаше да не нема, но за среќа издржавме и се спасивме“.
Со оваа изјава тој ја открива шемата со која извесни структури сакале да го спроведат сценариото за уништување на милионскиот проект. Откако тој и неговите партнери инвестирале 20 милиони евра во овој мега проект, ски центарот е оставен на немилост, а денес сликата е оваа. Без функционален пристап, без услови за работа, без функција на сѐ она што во старт требаше да значи најголем ски центар во Југоисточна Европа, тој денес пропаѓа, а сѐ во интерес на големиот капитал и олигархијата.
„Сѐ почна во 2012 кога некој во државата реши да додели концесии за рудници на оваа планина“, раскажува Наков.
Проектот за ски центар Кожуф е почнат пред повеќе од 20 години. Секоја година се најавуваше започнување на сезоната, но постојано планот се менуваше, бидејќи коловозот или беше непрооден со неколку метри наноси снег или под мраз или прекриен со карпи и земја. Освен домашни инвеститори, во изградбата учествуваа и фирми од Израел, Дубаи, Швајцарија и Велика Британија кои биле подготвени да ја продолжат инвестицијата. Освен ски инфраструктурата, изграден е и добар дел од викенд населбата, како и неколку хотелско-угостителски објекти, но наместо апартмани, хотели, жичници и комплекс по европски терк денес има само распад. Впрочем како и за се во државава.