Проверка со партнер

Вести

Момент на невнимание, момент на замор, прекумерна самодоверба: моменти на отсутност во кои може брзо да се заборави да се направи јазол на крајот од јажето, да се заклучи карабинерот, да се заврши осумката… Превиди кои честопати минуваат без предупредување до денот кога ќе се случи несреќа… За да се избегне ова, мора да се усвои едноставна навика при качување – ПРОВЕРКА СО ПАРТНЕР: меѓусебна проверка помеѓу качувач и обезбедувач пред да започне секоја должина од насоката.

Пред да започнете со секоја должина, качувачот и обезбедувачот мора да проверат 4 клучни работи за да се осигури безбедноста на качувачот:

Поставување на системот за обезбедување

  • јаже поставено во правилна насока (проверка на функцијата на алатката за обезбедување)
  • карабинерот поставен на правилно место на појасот
  • карабинерот е заклучен

Појас

  • Појасот е поставен над колковите
  • Појасот е прицврстен

Осмица

  • јазолот (осмицата) е на правилното месдто на појасот
  • јазолот е правилно направен
  • јазолот е завршен и стегнат

Јаже

  • јазол врзан на крајот од јажето

Запомнете дека пред да ја користите опремата, мора да сте ги прочитале и разбрале дадените упатства за употреба.

Предупредување

Совладувањето на овие техники бара специфична обука. Работете со професионалец за да ја потврдите вашата способност безбедно и независно да ги изведувате овие техники пред да ги направите без надзор.

Претходен написи
Нова сезона од Планинарскиот предизвик „12 Врвови“
Следен напис
Ехо Фестивал на планински филм 2021