Panorama Hotel & Spa

водечки сместувачки капацитет во Крушево за високо комфорен престој или деловен настан каде навистина може да се чувствувате посебни. Располага со 20 модерно дизајнирани големи удобни соби и апартмани со прекрасен поглед и тераси. Опкружен со дабова шума, нуди свежина во лето и топлина во зима.

Ресторан со домашна и интернационална кујна, вкусен доручек со локални јадења, простор за детска забава, конференциска сала, ски соба. Уникатен базен со сончев кров и прекрасен поглед кон градот, џакузи, спа и велнес центар, финска сауна. Бесплатен паркинг и интернет.

Вила Гора

ВИЛА ГОРА е угледен угостителски објект во Крушево кој функционира од од 2005 година. Уреден и чист хотел кој располага со дваесетина соби, ресторан, друштвени простории. Сместена на самиот раб на боровата шума во близина на крушевската корија. Хотелот ВИЛА ГОРА на своите гости им нуди удобно сместување и исхрана и лесен пристап со автомобил со сопствен паркинг. Можете да се релаксирате во новиот базен или сауна центарот. За доручек ќе ве послужат свежа локална храна. Едно навистина best-bye сместување.