Словенечкиот сон: Elan слави 75 години откако го промени начинот на скијање.

Вести
Популарниот бренд Елан една од иконите на Словенија прославува 75 години постоење, воедно исто толку во правење на скии. Централата на компанијата е лоцирана во Бегуње на Горењскем, како дел од Елан Групацијата.

Влегувајќи од Австрија во Словенија, со поглед на Јулијските Алпи по преминот од големиот тунел Караванке,  теренот е веднаш поразличен и порелаксиран на јужната страна од австриските планини.

За држава со релативно мала спортска сцена, Словенија имаше успешна спортска 2020 година, за чувсто дека светот се менува. Словенија имаше значајни успеси, почнувајќи од двајцата словенци кои доминираа на Tour De France,  исто така и NBA All-Star кошаркарот Luka Doncic кој стана вториот најмлад играч во американската професионална лига во топ 5 листа за MVP на сезоната. Скијачот Zan Kranjec кој застана на подиумот на светскиот куп во алпско скијање во Adelboden во март, а го повтори истото месецов во Santa Catherina.

Историја во Елан ски музејот во Бегуње, Словенија.

Како влегувате во Елан ски музејот , поврзаноста на компанијата со ски спортот доаѓа до израз. Скиите кои им помогнаа на словенците да се борат со нацистите, скиите на легендата Ingemar Stenmark од неговите победи во алпско скијање во 1986г, првите скии со параболична линија Елан SCX, висат до една реклама од Glen Plake со томахавка фризура. Но, исто и многу жени се присутни во музејот, како дел од историјата на жените во ски спортот. Во филмот за James Bond од 1985 година, русите скијаа на Елан скии.

Историјата на Elan и екстремни скијачи

Почетоците на Елан се од времето кога се правени скии за партизаните во борба против нацистите. Rudi Finzgar кој се натпреварувал во ски скокови на зимската олимпијада во 1936г во Garmisch на 15 години со сопствени изработени скии како и тимот од девет словенци инжинери кои ги правеле скиите за време на втората светска војна. Кога завршила војната Finzgar и неговиот тим продолжиле да прават скии, а производството го сместиле во фабриката во малото Begunje. Оригинално под назив Работничка Ски Кооператива, компанијата го презема името Elan во 1952г.

Компанијата ја доби својата интернационална слава и признание многу подоцна благодарение на Ingemar Stenmark, скијачката легенда од Шведска кој ја пројде целата своја професионална кариера на Елан скии. До ден денес најтрофејниот скијач на Светскиот Куп се приклучил на оваа компанија со соодветна доза на скептицизам.

“Многу години пред Stenmark да стане олимписки шампион, сакавме да го врземе под договор со нас,” вели Vinko Bogataj, поранешен раководител на секторот за скијање во Елан, во интервјуто за Sports Illustrated во 1984 година. Во тоа време, Словенија беше дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и секој еден вработен во компанијата требал да гласа за речиси секоја бизнис одлука вклучително и тоа дали Елан треба да му плаќа на Stenmark да ги користи нивните скии.

“Многу беше тешко да ги убедиме нашите вработени да се согласат на вакво нешто,” вели Bogataj.  “Тешко им беше да прифатат, дека позначајна сума пари што ќе се даде на Швеѓанецот треба да резултира со поголем поврат од продажбата на скиите.  Моравме сите да се сложиме дека тоа е еден вид коцкање. Сите беа навистина скептици. Најпосле решија да пробаат барем на некое време. Доколку гласаа НЕ, тогаш Елан скиите мислам дека ќе имаа навистина различна кариера.”

“Со редовното учество и победите на Светскиот Куп на тимот на Елан, скијањето стана дел од Словенечкото национално наследство”. Сега фабриката има производна линија со годишно производство од 250,000 пара на скии од брендот Елан и уште 150,000 дополнителни пара за други брендови кои ја користат истата технологија.

Најважниот пример за силниот иновативен карактер на скиите Елан се случува во раните 90ти години. Врз база на дизајнот на словенечките инжинери Jure Franko и Pavel Skofic, Елан ја исфрла тркачката скија за велеслалом во 1991 година со side-cut димензии од 110mm во предниот дел, 63mm под чизмата и 105mm на задниот дел. Револуционерната форма ја нарекуваат “sidecut extreme,”или SCX , а кога Jure се обидуваше да ја објасни формата го користеше терминот “параболична”.

“SideCuteXtreme” е скија лансирана од Елан за алпско скијање во 1993/94 година. Скиите претходно имале претежно рамна линија од врвот до задниот дел додека SCX е дизајнирана со преку 22 милиметри “sidecut“, која чини истенчена форма на скијата каква што немало на пазарот. SCX се покажале како полесни за маневар и драстично ја подобруваат способноста за закривување, а со тоа и ефикасни во вртење на скиите. Ова доведе до поголеми брзини во велеслаломските трки и до победи на скијачите кои ги користат. Доведе до своевидна револуција на ски школите во САД, а после 1996 година секоја поголема компанија воведе сличен дизајн. Овие “параболични” скии се сметаат за едни од најважните усовршувања во историјата на спортот.

Во 1991 година, Елан ги искористи предностите од истражувањата за производство на нов тип на комерцијални скии во SCX. Продажбата низ Европа одела тешко покрај големите играчи како Salomon и Rossignol. Во пролетта во 1993 година, една количина на скии од типот SCX се испратени на инструкторите во САД за практична проверка. Тие пријавиле драматични резултати на скијачите во напредните групи со кои почнале да експериментираат. Скијачите можеле многу полесно да вртат и да го сечат снегот при кривини дури и во потешки услови за скијање. Ова е победничкиот дизајн на Елан.

И покрај успехот од SCX скијата, фабриката во Бегуње се соочува со серија од финансиски проблеми кои траат цела деценија.

Glen Plake и реинкарнацијата на ELAN

Во 2006 година Елан го потпиша Glen Plake како прв спортски амбасадор за Северна Америка, во период во кој ски спортот рапидно се развива со мноштво нови ски школи и ѕвезди на повидок кои се наметнаа во слободното скијање.  По декада, брендот исфрли прва генерација на Ripstick линијата, freestyle прогресивците и тие со hardcore менталитет започнаа да купуваат скии за забава со кои се е можно.

Заедно со Ripstick линијата и новите сопственици, дојдоа и инвестициите во женска линија. W Studio, основано во 2005 година започна со еден поинаков пристап кон женското скијање. Клучот на успехот во W Studio програмата беше Melanja Korosec, која почна во Елан 2010 година, а потоа стана глобален бренд директор што ја направи една од најмоќните жени во целата ски индустрија. За 75 годишнината на брендот, направија огромни инвестиции во целата женска линија за што добија признанија од многу ски магазини.

“Оригиналната заложба на Елан беше да се вклучат повеќе жени во светот на скијањето што се гледа по производниот процес како и преку W Studio заедницата. Ако се прошетате покрај производната линија во фабриката Елан ќе забележите дека повеќето вработени во изработка на скиите се жени. Ова е елемент кој не е толку познат на потрошувачите.

“Одличен ден на скии го дефинира добро поминатото време на планината со пријателите и семејството, е нешто што е останато низ годините. Елан остана верен на својата филозофија и продолжи со иновативноста на скии во срцето на алпите во својата 75та година од постоењето…” вели Leon Korosec, постоечкиот директор за зимски спортови на фабриката.

По кратко возење од фабриката во Begunje се наоѓа прекрасниот град Bled со магичниот дворец.  Иднината за Елан е светла како и скијањето во Крањска Гора.

Претходен написи
Деца и планини
Следен напис
Маврово во јуни, кога за забава не ви треба многу