По добивањето на информацијата за изгубените велосипедисти околу 15:00 часот, преку телефонскиот број 112 од Секторот за операции и координација во ЦУК веднаш биле активирани оперативните дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје, а изгубените велосипедисти живи и здрави, се пронајдени околу 16:00 часот
Во спасувачка акција денеска се спасени два дехидрирани велосипедиста, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), кои после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото.
„Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15:00 часот, од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје“,
информираат од ЦУК.
Изгубените и дехидрирани велосипедисти биле лоцирани во координација со полицијата, а оперативците од ЦУК биле во постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале сè повеќе и поголеми знаци на снеможеност, дури и преку слабениот говор при комуницирањето преку телефон.
„Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжиле пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спсат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16:00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден“,
додаваат од ЦУК.
Затоа, како што додаваат од Центарот за управување со кризи, паралелно е контактирана и Брзата помош, за велосипедистите да бидат и медицински згрижени и третирани во покус временски период
Од ЦУК додаваат оти припадниците на МВР во овој случај покажале големи квалитети и упорност за да ги спасат велосипедистите во нашата, но како што велат, опасна природа при многу топло време, а и за да го скратат времето на пружање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош.
Во соопштението, од ЦУК наведуваат дека во моментот на ова известување би требало целата акција да е завршена.