Уметност на свежо паднат снег

Вести

Веројатно никогаш не сте чуле за Симон Бек. Но, по она што ќе го видите, нема да го заборавите него или неговата работа, особено во снежните денови, кој кај нас очигледно ќе продолжат и во мај!

Симон Бек е уметник. И тоа од посебен тип. Тој е познат по своите деликатни и убави дела што ги прави на снегот, шетајќи над свежо нападнатите снегулки.

Бек буквално минува километри за да создаде само една од фасцинантните сцени пред вас. И што е најневеројатно, тој е подготвен да помине бројни часови на секоја од нив, иако е свесен дека може да бидат покриени со нов снег или да ги однесе зимскиот ветер за еден час. Но, тој сепак ги прави.

Симон Бек оди по слоевите на свежо паднат снег во специјални чевли, а често оди неколку километри за да нацрта единствен дизајн. Пешачи многу внимателно и пресметано, а  крајните резултати навистина вредат.

Овие прекрасни шеми ги направи во Франција, во подножјето на Мон Блан. Геометриските форми имаат различна приказна кога се гледаат од различни агли. Исто така, изгледаат различно во различни делови од денот.

Конечно, малку е тажно кога ќе сфатиме дека делата на Симон Бек се привремени. Неверојатно е дека некој би вложил часови во создавање на овие дела, само за да ги гледам како исчезнуваат можеби следниот ден. Но, сепак ги создава.

Претходен написи
Анапурна: вечерва искачување кон врвот
Следен напис
Викендов затвори Маврово но скијањето на Бистра ќе продолжи