На Јахорина минатата недела беше пуштена во употреба уште еден нов шестоседот, со што се заокружи циклусот инвестиции реализирани во текот на изминатото лето.
Капацитетот на шестоседот е 2.400 скијачи на час, долг 570 метри и возењето со ова инсталацијата трае околу 2 минути. Притоа е изградена сосема нова скијачка патека со соодветна ширина и подвижна лента која е идеална за почетници. Целта на инвестицијата е гостите од викенд-центарот да имаат лесен и брз пристап до ски-центарот и тоа е овозможено со овој проект.
За 43 дена скијање на Јахорина скијале 110.000 скијачи, што е за 50 отсто подобро со истиот период лани. Прометот е надминат за 60 отсто во однос на претходната година. На Јахорина моментално е во функција комплетниот вертикален транспорт и сите 47 километри добро подготвени скијачки патеки. Покрај одличното скијање во текот на денот од 9 до 16 часот, скијачите на Јахорина имаат можност да уживаат и во ноќното скијање секој ден од 18 до 21 часот. Во функција се и двете кабински гондоли, Пољице и Партизан, додека гондолата Пољче ги превезува гостите до врвот до Олимпискиот бар и е достапна за панорамско возење до 23 часот, каде што навечер се организираат забави.