Paradiski Les Arcs, Француските Алпи

0002515_paradiski_nehar

nehar-logo

Следи го настанот

За сите љубители на мартовското скијање, оваа сезона Нехар Травел го одбра скијачкиот центар Paradiski, сместен во срцето на Француските Алпи. Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти.

Paradiski претставува третиот најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallées и Portes de Soleil), а се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs.

Со вкупно 253 ски стази или 425км ски обработен терен, центарот е идеален избор за сите скијачи и бордери без разлика на нивното ниво на подготвеност. Одличниот опсег од 1200м до 3250м надморска височина, со импресивни пејзажи и панорами кон Mont Blanc, нуди огромен број интересни содржини доволни за сечиј вкус. 70% од стазите се наоѓаат на надморска височина од над 2000м, што гарантира одлична снежна покриеност и во мартовските денови.

Скијачкиот центар располага со вкупно 160 ски лифтови, жичари и гондоли, а единствената double decker гондола во светот, Vanoise Express, се наоѓа токму тука и претставува врска меѓу ресортите Les Arcs и La Plagne. Vanoise Express, за само 4 минути, овозможува превезување на 200 луѓе помеѓу двата ресорти.

paradiski nehar travel skijanje zimuvanje


Сместување воLes Arcs 1800:

– Сместување во 5 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS – 419€

Сместувањето е во избраните апартмани, а дадената цена е по лице во случај кога апартманот е исполнет во целост т.е доколку во него се сместени број на луѓе колку што има кревети во апартманот.

Доколку во апартманот престојуваат помалку лица од предвиденото, празното легло се доплаќа, и тоа:

– Доплата за сместување на 4 лица во 5-креветени апартмани е 25€ по лице

– Доплата за сместување на 3 лица во 5-креветени апартмани е 65€ по лице

– Доплата за сместување на 2 лица во 5-креветени апартмани е 150€ по лице

Програма:

09. Март – петок. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Paradiski (Les Arcs 1800) во 09:30 часот.

Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

10. Март – сабота. Пристигнување во Paradiski (Les Arcs 1800) во попладневните часови и сместување во апартманите.

11-16. Март – Шест дневно скијање во Paradiski (Les Arcs 1800).

16. Март – сабота. Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO непосредно пред Милано.

17. Март – недела. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –Les Arcs 1800 – Скопје
7 дневно сместување воапартмани во Paradiski (Les Arcs 1800).
6 дневен скипас LES ARCS/PEISEY-VALLANDRY
Можно е плаќање на три рати, а местото се смета за резервирано со уплата на депозит од 100 евра.

Во цената НЕ Е вклучено:
доплата за Paradiski ski pass 35€
Патничко осигурување. Секој патник треба сам да извади патничко осигурување со задолжителен додаток кој вклучува ски ризик (повреди од зимски спортови).
Туристичка такса. Се наплаќа на ден по лице според важечкиот ценовник, директно на рецепција, а непосредно пред превземањето на апартманите (не е повеќе од 1 евро на ден по лице – деца под 13 години не плаќаат туристичка такса)
Пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

Напомени:
Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 300€-600€ по апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од девизна или кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

Контакт тел. 071 380 724 / 02 3131 045

Paradiski nehar travel

 

Совети за медицинска помош во странство. Како се активира полисата за патничко осигурување

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки