Термини на поѓање
прв термин – 06 јануари до 15 јануари 2023 година
втор термин – 13 јануари до 22 јануари 2023 година
Val Thorens е дестинација “Со еден удар три центри, и тоа кој од кој”. Една од највисоките ски населби во Европа, дел од Три Долини (Les Trois Vallées) каде влегуваат и елитното прибежиште со луксузниот Courchevel и Méribel, кои заедно ја сочинуваат една од најголемите ски зони во светот со над 600 километри ски патеки (ќе се изгубите). Ски патеки кои се протегаат на висина од 1100 до 3250 метри.

Сместена во огромна природен цирк, создаден од 6 глечери, Val Thorens нуди голем број патеки во сите правци каде што ќе посакате да го бркате сонцето во текот на целиот ден. Val Thorens е познат по квалитетот на снегот и фрирајд скијањето. Центарот нуди секаков тип на скијање, бордер крос, фрирајд , снежни парк зони, понуда која ги задоволува сите сетила. Повеќе од 90% од ски областа се наоѓа над 2.000 метри, центарот нуди одлични услови за да може да уживате во турбо брзина.
Сместувањето е во рамките на самата ски зона, лифтовите се пред врата. Населба која овозможува да уживате во исклучителни погледи, особено грандиозниот спектакуларен поглед на легендарниот Glacier de Péclet или Cîme Caron гондолата која носи на 3200 метри до “најубавиот поглед во Алпите”, според Зелениот водич на Мишелин: 360 ° панорамски поглед на повеќе од 100 алпски врвови (француски, швајцарски и италијански).

Повеќето патеки се свртени кон север и северозапад, обезбедувајќи добри услови на снегот. Падините не се толку сончеви, така што одморалиштето има тенденција да привлече поголема заинтересираност за скијање отколку “дремење на сонце”. Сепак, населбата е свртена на југ, па многу луѓе уживаат да седат надвор на сонце кога завршуваат со скијање.

Val Thorens е домаќин на бројни светски натпревари од висок ранг и е најпосетуваното меѓународно скијачко одморалиште во Франција. Над 70% од посетителите се странци, доминираат британските, скандинавските, белгиските, холандските и германските туристи и замислете пар автобуси Македонци.


Детали за турата: Сместувањето е во неколку одвоени апартмани и студија, Lac du Lou и Roche Blanche (во табелата подоле се наведени сите) лоцирани на самите терени. Патувањето е со високо комфорен автобус директно од Скопје. Во цената е вклучено, 7 дена сместување во студио во Val Thorens, 6 дневен ски карта за патеките на Val Thorens/Orelle (150 км стази), а се доплаќа 40 евра за ски пас Les Trois Vallées во кои влегуваат сите центри и лифтови вклучувајќи ги, Courchevel и Méribel. За време на целиот престој обезбедени ски водичи, асистенти кои ќе ви го направат патувањето далеку поспокојно. Повеќе патувачки детали на Нехар Травел
VAL THORENS – LES 3 VALLES ![]() | од 549 € |
FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти Септември 2022
Тип на сместување / SKI IN – SKI OUT | Број на кревети | ||||
6 | 5 | 4 | 3 | 2 | |
Studio cabine “ETERLOUS” | 549 | 589 | 669 | ||
Studio cabine “TROIS VALLEES” | 549 | 589 | 669 | ||
Studio cabine “VANOISE” | 549 | 589 | 669 | ||
Апартман “ARCELLE” 2 соби | 569 | 599 | 699 | ||
Апартман “LAC DU LOU” 2 соби | 559 | 579 | 639 | ||
Апартман “ROC DE PECLET” 2 соби | 549 | 569 | 599 | ||
Апартман “ROC DE PECLET” 2 соби | 559 | 579 | 609 | ||
Апартман “SCHUSS” 2 соби | 559 | 579 | 609 |
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
Доколку сте од оние индивидуалци шетачи кои сакаат повеќе да истражуваат, како што наведовме погоре, на располагање ви се меѓусебно поврзаните центри Courchevel и Méribel кои практично на скија ќе може да ги извртите во тој регион. Да шетате, купувате и ручате каде што ужива светската елита и каде на располагање се најпознатите светски брендови. Попатно во близина на Val Thorens е и живописното амбиентално село Saint Martin de Belleville каде би можеле од прва рака да го искусите локалниот живот на французите. Да пробате локално сирење, вино и пршут.


