Во Хрватска падна снег

Вести

На планината Завижан во Хрватска има вистинска зимска атмосфера. Температурата е -1 и врне снег. Според податоците на ДХМЗ, утринава таму се измерени 3 сантиметри снег.

Снег денеска се очекува во Хрватска само на највисоките планини, додека температурите во другите делови на Хрватска се уште се над просекот. На море, тие се до 20 степени, а на копно до +15.

И температурите во Босна и Херцеговина се значително намалени во однос на претходниот период, метеоролозите најавија дека на планините може да има снег.

Снежно провејување се очекува и во Македонија на планините, особено во текот на утрешниот ден. Низ цела Македонија температурата ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали и тоа особено во недела кога максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Previous Post
Сезонска карта Копанки Пелистер
Next Post
Падна првиот снег во Македонија