ДАУТИЦА OUTDOOR FESTIVAL 2022

Вести

Еколошката Групација Грин Пауер и вљубеници во височините и убавините на АЗОТ, на 25-26 јуни 2022 (сабота и недела) година одлучија да ја продолжат традицијата и да го организираат ДАУТИЦА Outdoor Festival 2022. Фестивалот со години ги соединува вљубениците на планинарењето и друмски велосипедизам во еден заеднички настан.

ДЕТАЛИ за НАСТАНОТ:
Настанот започнува официјално на 25ти јуни во попладневните часови, пристигнување на настанот, сместување во домот или со сопствен шатор во дворот. Планинарскиот дом Папрадиште има капацитет од 30 легла, додека дворот располага со место за 5 шатори.

Поради ограничените просторни капацитети, ВЕ МОЛИМЕ контактирајте го организаторот и одговорните лица заради навремено обезбедување на соодветно место(телефони подолу)

НОЌЕВАЊЕ во планинарскиот дом Папрадиште со обезбедени два оброка (вечера во сабота и ручек планинарско гравче во недела после турата) ќе чини 500 денари, ноќевањето во шатор во дворот на домот со два оброка чини 400 денари.

ВО САБОТА на 25ти јуни во вечерните часови предвидено е забава на отворено со рок бенд и DJ.
ПОЧЕТОК/СТАРТ НА ПЛАНИНАРЕЊЕ:

  • 26 ЈУНИ(недела) во 8:15 часот од дворот на планинарскиот дом Папрадиште (1000 м.н.в.). Опфаќа искачување на врвот Даутица(2178мнв) м.н.в. Патеката е средно тешка, маркирана по цела должина, долга 16 км во обата правци, четири и пол часови одење до врв и вкупно движење во група околу 7.5 до 8 часови во двата правци. Вода има на две места по должината на патеката. Последниот извор е на два часови пред врв. Исхрана од ранец. Обезбедени се планинарски водичи. Од врвот Даутица се простира невозможно убаво поглед кон сите четири страни на светот- Вештачко езеро Козјак со природен резерват Јасен, Солунска Глава, Караџица, Поречие и Македонски Брод, Пелагонија, Пелистер, Крушево, Рила, Пирин, Кожуф, Беласица, и цела Западна трансверзала.
  • ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (друмско возење):
  • СТАРТ 25 ЈУНИ(сабота) ВО 11:00 часот од дворот на паркингот на Гимназијата „Кочо Рацин„ во Велес. Патеката е средно тешка, со должина од 56 км во еден правец. Асфалтирана е по цела должина, а последните 7-8 километри се вози по наклон до 10%.
  • ВРАЌАЊЕ кон Велес : Во недела (26 јуни)
    НАСТАНОТ Е ОД ОТВОРЕН КАРАКТЕР И НЕ СЕ НАПЛАЌА КОТИЗАЦИЈА.
    Се повикуваат сите кои желба за планинарење или велосипедизам да заземат учество.
    Секоја сугестија е добронамерна, и се охрабруваат поединци и организации да се вклучат во организацијата на овој настан.
  • Сите учесници во настанот (велосипедисти и планинари) доаѓаат на СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ.
    Ноќевање во приватно сместување во куќи во Папрадиште или во околните капацитети е 200-250 денари.
    Дополнителни информации и понатамошни детали очекувајте во најскоро време и сите евентуални промени ќе бидат јавно објавени во состав на главниот настан.
  • ПРИЈАВУВАЊЕ за ноќевање се врши исклучиво телефонски.
    ОДГОВОРНО лице за пријава на планинари за сместување:
    Соња 078 383 508
    ОДГОВОРНО лице за велосипедисти: Слободан 070 216 106
  • Целокупниот настан го организираме без генерален спонзор (засега) и само со неисцрпната енергија на нашите волонтери, и доброволната помош и ангажман од страна на сите љубителите на природата, планинарењето и велосипедизмот.
  • ВАЖНО : Сите или дел од активностите предвидени во настанот, може да бидат одложени или откажани поради лоши временски услови или по лична проценка, доколку организаторот процени дека не постојат безбедни услови за нивно реализирање.
Previous Post
„Тренинг за секое дете“ проект на Скијачката Федерација на Македонија
Next Post
Спасени изгубени и дехидрирани велосипедисти во село Кожле
Menu