ЗОИ: Влхова го освои златниот медал во слалом

Вести

Влхова направи сензација затоа што на првата трка беше на осмото место и заостануваше 72 стотинки зад Германката Лена Дир.

Втората трка Влхова ја заврши со време од 1:44.98 и се искачи на подиумот. Сребрениот медал го освои актуелната светска шампионка Катарина Лисенбергер која заостануваше само осум стотинки. Со бронзениот медал се закити Венди Холденер од Швајцарија.

Најдобрата алпска скијачка во светот по неуспехот во велеслалом на ЗОИ во Пекинг, испадна и во првата трка во слаломот која на програмата беше рано утринава.

Previous Post
Mavrovo Thrones 2022
Next Post
Македонскиот олимпиец Дехари се повреди на тренинг во Пекинг и нема да настапи на трките