Како Охрид ги решава “дивоградбите” околу езеро

Вести

Иако не го оправдувам самоволието во однос на градби колку и да биде мисли некој дека е поубаво т.е посредено наспроти запуштена плажа, сепак повеќе смета индијанскиот однос на општина Охрид, примитивниот инспекторат , работење и интервенции ради реда. Да не одовлекувам со добро познатата и трагична ситуација со езерото и градот.

Сакам да споделам мала реалност која ја отсликува големата слика.

Општината селективно руши избетонирани и уредени плажички, притоа остава позади себе хаос и плодна почва за диви депонии кои и онака не му недостасуваат на ова напатено езеро.

Прво, ако веќе рушите, рушете и уништете се и не ја прерипувајте за локум и кафе, бетонската направија на вашиот пријател.

Второ, која ви е поентата од рушење кога тоа што го оставате зад себе има 50 пати полош ефект врз биосферата и микро околината со создавање инстантно нова луда депонија, каде претходно некој имал направено мало мостче, кое не му пречеше и не наштетуваше никому! Плус, околината беше одржувана чиста и без ѓубре!

Го посравте езерото , инаку, хотелот кај Лагадин продолжи да се гради, тивко, цигла по цигла , штраф по штраф.

На Цар Самоил , внук му Христијан

Previous Post
Каде може да скијате во април
Next Post
Зошто скијачите насекаде ги напуштаат центрите и качуваат низбрдо