Македонскиот олимпиец Дехари се повреди на тренинг во Пекинг и нема да настапи на трките

Вести

Македонскиот репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари поради повреда нема да настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Дехари за време на тренингот ги скина лигаментите на коленото и мора веднаш да замине на операција

На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Огњеновиќ, кој е заедно со него во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дехари итно ќе биде опериран.

Дехари, го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.

Успешно опоравување на Дардан и што побрзо враќање на скијачките терени

Previous Post
ЗОИ: Влхова го освои златниот медал во слалом
Next Post
20ти Аматерски Хуманитарен Велеслалом Маврово