20ти Аматерски Хуманитарен Велеслалом Маврово

Вести

На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом.Веќе 20та година по ред, компаниите ќе имаат можност преку скијањето да ја покажат својата хумана страна. Овогодинешната трка ќе се одржи од 4 до 6 март.Наскоро следуваат информации за донацијата и каде ќе бидат пренасочени паричните средства од АХВМ 2022.ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ПРИЈАВИТЕ ТИМ? Секоја компанија ќе има можност да пријави еден или повеќе тимови, каде што еден тим мора да биде составен од 3 учесници, само скијачи или само бордери, или мешано. Секоја фирма-учесник ќе има можност на целната рамнина да постави свој банер или реклама, и се препорачува да направи и свое брендирано знаме со лого за препознатливост и бодрење на своите екипи.КОИ СЕ ЧЕКОРИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ? Испратете е-мејл на events@resortmavrovo.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 20ти АХВМ, и ќе добиете повратен мејл со пријава за учество. Пополнете ја пријавата уредно, и повторно пратете ја на истата мејл адреса. По пријавување на тим, ќе ви доставиме информација за плаќање (име на правното лице, трансакциска сметка, депонент банка). За секој пријавен тим се плаќа 12.000 денари котизација, по плаќање треба да ја испратите скенираната уплатница на events@resortmavrovo.comЗа повеќе информации и прашања, обратете се на events@resortmavrovo.comСе гледаме во Маврово! Останете здрави и хумани.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски-лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.

Претходен написи
Македонскиот олимпиец Дехари се повреди на тренинг во Пекинг и нема да настапи на трките
Следен напис
Голема лавина на Шар Планина во Брезовица