Мал број од северноамерикански центри активни

Вести

Без поголема бука, во невообичаена атмосфера заради рестриктивните мерки со вирус проблемите, надградено со високи температури, стартуваше скијачката сезона на северноамериканскиот континент.  Скијачките центри полека започнаа да ги отвораат и вртат лифтовите за желните скијачи кои останаа да молат за планинска слобода по вондредниот клуч на ски патеките во март годинава. Центрите се обидуваат да започнат да функционираат барем на оптимален минимум.

Активни центри секако најмногу има во Канада, Mount Norquay Banff, Mont du Lac Resort, Lake Louise и  Wolf Creek, Wild Mountain во САД.

Backcountry скијањето кај американците е ски култура која се практикува и е одомаќинета поодамна, па голем број приврзаници на ски планинарството ќе движат надвор од рестриктивите зони и ски центрите, чекајќи ги само вистинските снегулки за посета на планината, изолирана и вака и онака далеку од очите на јавноста.

Претходен написи
Eurostar ски возот нема да ги носи скијачите до своите омилени ски центри
Следен напис
Популарната fb група Патување низ Македонија чекор понапред
Мени