Момче загина од пад од прозорец на гондола

Вести

Скијањето на француските Алпи заврши фатално за 29-годишен скијач, кој во саботата падна од прозорецот на гондолата. Францускиот обвинител и операторот на жичницата потврдија дека смртта настапила кога маж под дејство на алкохол дивеел на гондола во движење, пренесува „Дејли мејл“.

Двајца мажи (29 и 23) скијале на планина во одморалиштето Деу Алпи во Франција. Според локалните медиуми, мажите меѓусебно се снимале кога жртвата, тешка повеќе од 100 килограми, удрила во работ на гондолата.

„Се шегуваа на жичницата кога 29-годишникот ја проби заштитата од плексиглас и падна од височина од 40 метри“, изјави локалниот обвинител Ерик Вајлан.

Локалната радиостаница „Франс блу“ објави дека мажот паднал и се набил на столб.

„Овие гондоли се изградени за 20 луѓе, тие се дизајнирани да издржат удари ако има движење предизвикано од ненадејно сопирање или некој друг удар“, изјави Фанрис Бутет, директор на одморалиштето.

Тој негира каква било одговорност за несреќата, а увид на ски-лифтот ќе изврши полиција.

Со надморска височина од 3.600 метри, Les Deux Alpes е највисокиот ски-центар во Франција.

Францускиот национален мониторинг-систем за безбедност во планините (СНОСМ) минатата сезона забележа вкупно 12 смртни случаи во француските планини.

Повеќе од 45.000 луѓе биле третирани поради повреди, а службите за итни случаи регистрирале околу 50.000 инциденти.

Претходен написи
Светски првак во фристајл-скијање почина во сон на 31 година
Следен напис
Аудио документарец за мијачкото село Лазарополе