Моќната двојка Mikaela Shiffrin и Aleks Kilde се подржува меѓусебно на олимпијада

Вести

Американката и норвежанецот влегоа во сериозна врска за време на пандемијата, а Kilde и помогна на Shiffrin да ја врати љубовта кон спортот.

Mikaela Shiffrin и норвешката ѕвезда во Алпско скијање Aamodt Kilde, се популарно наречени Power Couple во спортот. Shiffrin е вистинска суперѕвезда во алпско скијање со три титули на Светскиот Куп и победи на 73 трки во кариерата. На 18 години настапи на Олимписките игри во Сочи пред осум години кога стана најмлад скијач на Олимписки игри со златен медал во слалом.

Според Shiffrin, тие ја започнале својата врска како прави миленијалци со пријателство на Facebook пред неколку години и со разменување на текстуални пораки, а потоа и на Instagram се додека минатата зима не закажале состанок во екот на пандемијата.

Американката раскажува анегдота дека додека била во нејзиниот дом во Colorado се сретнала со норвежанецот на нејзино инсистирање со сите прописи, тест за корона и со маски и на раздалеченост од 2м.

Неколку месеци пред тоа, Kilde, кој ја препознал тешката фаза и емотивниот бродолом на Mikaela по загубата на нејзиниот татко и се понудил да разговараат секогаш кога и треба некој. И така започнала нивната интензина комуникација и врска. Нивната врска станува јавна кога по крајот на сезоната заедно со нејзиното семејство (мајка и брат) одат на одмор во Maui (по свадбата на нејзиниот брат)… сето ова документирано на Инстаграм.

Shiffrin, која полни 27г оваа година сакала да го минува слободното време близу до нејзиниот дом во Colorado, додека пак Kilde, 29г, таму и се придружува за тренинзи на Rocky Mountains.

Блиските на Shiffrin гледаат на врската со Kilde како позитивна пресвртница по смртта на нејзиниот татко. Таа по него го вратила оптимизмот и смеата, а и позитивните очекувања за иднината и самото скијање. Таа сезонава победи на четири пати во слалом и во веле слалом,  а два пати се најде на подиумот во super-G. Shiffrin сезонава стаса до рекордот од 47 победи во слалом дисциплината на Светскиот Куп во Алпско скијање (во машка и женска конкуренција).

“Бидејќи Aleks има таква страст кон скијањето, ја повратив сопствената. Гледајќи го Aleks повеќе не сакав да поминувам преку рутините и имав потреба пак да го сакам скијањето” изјави за него Shiffrin. Сезоната 2021-22 таа ја започна со победа во Solden, Austria каде Kilde ја чекаше на оградите од целната рамнина, а пресреќната доскија до неговата прегратка. Поддршката на Kilde во заживувањето на американката и солидните настапи во новата сезона, очигледно е заемна бидејќи таа му помогнала да се врати по рехабилитацијата и операцијата на лигаментите на почетокот на 2021г.

“Можеме да си ги дискутираме и да ги разменуваме нашите искуства кои се типични за скијачите. Таа едноставно ме инспирира, тоа е тоа. Ние учиме еден од друг како скијачи а со тоа и се подобруваме,” но највеќе од се јас сакам да поминуваме време заедно, а тоа што е скијач во основа е само бонус.” изјавува Kilde во декември по добивање на две трки од Светскиот Куп во Beaver Creek, Colo.

Но тие немаа можност да се среќаваат редовно земајќи ги предвид разните натпреварувања и различните локации на кои скијаат мажите и жените на трките од Светскиот Куп .

Сега се реобединети на Олимпијадата во Кина, а ја продолжуваат својата модерна приказна со слики на своите профили на социјални мрежи од Олимпијадата.

Kilde кој е еден од фаворитите во Beijing веќе освои сребро и бронза во две дисциплини, сепак има поуспешна Олимпијада од Shiffrin која ги пропушти шансите за медал во “нејзините” дисциплини слалом и веле слалом но се натпреварува во сите пет дисциплини.

Нејзиното момче Aamodt Kilde се јави со пораки за поддршка за неуспешните трки: “Таа е херој и може да го поднесе ова. Таа поднесува притисок како никој друг, и ова е нешто кое ќе го надмине. Сега е во добра состојба”.

Previous Post
Профункционира европскиот број за итни повици Е-112
Next Post
Најава за жешка недела на Копанки