Надојдената Радика урна мост што води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште

Вести

Поради зголемено ниво на реката Радика, се урна мостот кој води кон неколку села во Општина Маврово и Ростуше, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Радика, поради обилните врнежи од дожд во ноќта меѓу 14 и 15 декември, се излеа од своето корито на неколку точки, информираат од регионалниот Центар за управување со кризи во Гостивар.

„Локалните притоки на река Радика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до село Жировница на неколку места. Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски и од страна на екипи на „Македонија Пат“ се исчистени. Меѓу селата Ростуше и Јанче, водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на „Македонија Пат“ и од општината се санирани. Од надојдените води на Рибничка река, оштетен е мостот на Рибничка река, кој се наоѓа на 20 км од на патот за село Нистрово, со што целосно се отсечени 15 семејства од селата Тануше, Жужња и Рибниште“, информираат од ЦУК.

Претходен написи
МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИК ОТКРИ ДЕКА МОНТ ЕВЕРЕСТ ПОРАСНАЛ ЗА 20 КИЛОМЕТРИ
Следен напис
Новогодишните празници без скијање