Науката за вежбање на ексремно студено носете мерино

Вести

Човековата адаптација на студ во форма на топлотна изолација, носете мерино волнeни слоеви

На минатомесечниот cross-country настанот од светскиот куп во зимскиот центар Рука на северот на Финска, некои од топ натпреварувачите вклучително и олимпискиот шампион Iivo Niskanen, се повлекоа во последен час заради ниските температури.

Имено во очи на зимска олимпијада, “ Минус 23 целзиусови се премногу за мене. Едноставен беше изборот.” изјави финецот.

Но искусните зимски спортисти во канадските региони, често знаат да кажат дека нема престудено време за тренинг надвор ако си соодветно облечен. Еден текст на Outside magazine за тоа како да ја преживеете рекреацијата во денови на студенило, како и истражувања за спорт во студени услови од страна на тим истражувачи од Италија, Австрија и Канада  утврдува дека студените температури им влијаат на перформансите.

Студиите покажуваат дека потоплите мускули подобро функционираат, а според една проценка секој целзиусов степен повисока температура ја зајакнува силата и моќта за два до пет проценти. Ова има влијание во оние спортови кои бараати издржливост и сила, додека затегнати мускули во студено време може да влијае и на повредите во спортови како скијањето. Но исто така студот може да биде и психолошка пречка.

Најдобрата одбрана за студот е соодветна облека и што е можно потопло за одржлив тренинг, треба да ви биде удобно на студот кој во почеток е неудобен студ за потоа со забрзување на метаболизмот и создавање на топлина да почувствувате пријатна топлина која потоа во фаза на прегревањето ќе ве врати наназад кон состојба на неудобниот студ.”

Како да го поднесете трчањето или друга зголемена активносто подобро во зима­?

Кај зимските рекреативци има се повеќе фанови на мерино облеката заради “карактеристики на поголема термална изолација како и абсорпциона моќ на влага во однос на памукот или синтетичкиот долен слој” кога се носи на гола кожа. Ова е совршено како за зима, така и за останатие периоди пролет, есен, лето.

Помислете на вашето здравје!

Постојат неколку очигледни ризици од вежбање во екстремен студ, а најбитно е да имате што помалку отворена кожа заради замрзнување, а исто така и оштетување на дишните патишта. Сувиот воздух како и студот може да биде штетен па затоа задолжително носете шалче или бандана, балаклава како греачи за врат лице и глава.

За скијачите во Рука, правилата диктираат дека трката се откажува во услови на температура под -20 но на официјалните мерења температурата стасала до минус -18,5 целзиусови па трката се одржа. Секако ова е премногу студено за тренинг, а не пак за трка.

Абсорбциони перформанси на мерино во однос на други материјали
Previous Post
Меѓународен ден на планината 2021
Next Post
Скијање Франција 2022, кратко инфо за трите дестинации
Menu