Најновата публикација на Еко-свест, посветена на едукација за заштита на природата е достапна online.
Изработена од страна на соработниците од партнерската организација Натура МК, овој едукативен прирачник е наменет за учениците од сите возрасти. Во себе содржи голем број на практични совети и интересни, забавни и едукативни игри. Можат да го користат наставниците, но и самите ученици во своите еко-секции и активности надвор од училиштето.
Иако инспирацијата за прирачникот доаѓа примарно од заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“, каде Еко-свест и Натура МК спроведуваа проект за граѓанска наука, тој може да се користи насекаде.
Прирачникот е достапен во електронска и печатена верзија. Доколку работите со ученици и сакате да имате и печатена верзија, испратете порака до Еко-свест и ќе Ви биде доставен прираник до Вашата адреса на нивен трошок.
Прирачникот е изработен во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на заштита на природата“ финансиски поддржан од страна на Prespa Ohrid Nature Trust и Critical Ecosystem Partnership Fund.
Прирачникот преземете го на линкот.