На планината Даутица поставени саморефлектирачки патокази

Вести

Волонтери на ЕГ Грин Пауер изминатиот продолжен викенд, поставија 10 нови патокази со саморефлектирачка хартија за ноќни услови на патеката на планината Даутица. Таа е кружна, од село Папрадиште до месноста Куртовица и кон врв Даутица и Солунска Глава. Патоказите се поставени на најважните раскрсни точки од патеката на планината Даутица.

„За прв пат во Македонија поставивме маркации со флуоресцентно платно со портокалова и жолта боја за дневни и ноќни услови чие времетраење е од 7 до 10 години под секакви временски услови. Изработени од саморефлектирачка хартија која при било каква светлост, блеска и рефлектира при ноќно движење“ – кажа Игор Смилев од ЕГ Зелена сила. Сите патокази се обезбедени од сопствени средства на ЕГ Грин Пауер.

Во следниот период членовите на оваa граѓанска организација, ќе ги постават преостанатите десет патокази, заедно со фосфорни и платнени маркации. Со тоа овој реон и Општина Чашка ќе добијат најмодерна и најбезбедна планинарска сигнализација во Македонија.

Вакви маркации со флуоресцентно платно за прв пат се поставуваат во Македонија.

Previous Post
ЕДНОМЕСЕЧНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ПЛАНИНАТА БИСТРА
Next Post
Попова Шапка сезонски ски карти рана претпродажба