Непал издаде рекордни 454 дозволи за искачување на Монт Еверест

Вести

Непал издаде рекордни 454 дозволи за искачување на Монт Еверест оваа пролет и покрај стравувањата од пренатрупаност на највисокиот врв на светот. Постои загриженост дека големиот број на планинари може да предизвикаат гужва и тесни грла на патот до врвот.

Во 2019 година, пренатрупаноста на Еверест доведе до долги редици, време на чекање и намалено ниво на кислород, предизвикувајќи најмалку 11 смртни случаи.

Бројот на дозволи кои се доделени оваа сезона е поголем од која било од претходните, според официјалните лица, со потенцијал за уште повеќе дозволи да бидат доделени во наредните недели. Повеќе од 900 алпинисти се очекува да се упатат кон врвот на Еверест оваа сезона, а мнозинството ќе се обидат да се искачат со помош на непалски водичи.

Некои планинари изразија загриженост за потенцијалните ризици оваа сезона, особено ако има пократок прозорец за да се стигне до врвот поради неповолните временски услови. Најголем број на планинари кои добиле дозволи оваа сезона се од Кина (96), а потоа од САД (87).

Анг Тшеринг Шерпа, поранешен претседател на Непалската планинарска асоцијација изјави дека високите бројки оваа сезона се должат главно на тоа што многу алпинисти не можат да патуваат во Непал во последниве години поради прекините од пандемијата Ковид. Новите правила на кинеската страна на Еверест, кои бараат алпинистите прво да се искачат на еден друг врв од 8.000 метри, исто така испратија повеќе кинески алпинисти во Непал.

Тим од професионални планинари моментално ја подготвува рутата до Еверест и веќе ги поправа јажињата до кампот IV на 7.924 метри. Неодамнешните снежни врнежи го зголемија ризикот од лавини на планините, при што тројца непалски алпинисти исчезнаа додека го преминаа Хумбу на 12 април.
Властите го прекинаа спасувањето откако заклучија дека не е можно да се извлечат нивните тела од кревасот.

Непал е дом на осум од 10-те највисоки врвови во светот, а странските планинари кои се собираат во неговите планини се главен извор на приходи за земјата. Владата собра вкупно 4,86 милиони долари од дозволите на Еверест, наплаќајќи 11.000 долари по странски алпинист.

Претходен написи
Француски скијач за влакно избегна смрт
Следен напис
Како да останете топли при спиење на планина