Одбележување на Светскиот ден на планината

Вести

ФПСМ традиционално се придружува кон одлуката на Генералното Собрание на Обединетите Нации во одбележување на 11 декември, Светскиот ден на планината. Од познати причини поврзани со здравствената ситуација, беше одлучено оваа година Денот на планината да се одбележи на поинаков начин, со организирање неколку настани во периодот од 11 до 13 декември 2020 година.

Ден за дебата и презентации, 11 декември 2020 г.

  • Онлајн дебата „Како да работиме заедно за развој на планинарењето“
     
  • Презентирање Видео материјали од активностите на комисиите во ФПСМ
  • од 17.00 до 19.00 часот (интернет апликација ЗООМ)

Ден за екологија и едукација 12 и 13 декември 2020 г.

  • Планинарските клубови ќе собираат отпад на планинарски патеки или планинарски места, при нивно рекреативно планинарење во мали групи.
     
  • Планинарските водичи во неколку места (Скопје, Куманово, Тетово,…) ќе презентираат и ќе даваат совети на посетители-рекреативци за планинарење.

Со цел да го одбележиме важноста на овој ден и да ја нагласиме важноста на планината за секојдневниот живот, ги охрабруваме клубовите да се приклучат, со напомена за строго придржување кон протоколите и мерките за заштита.

Деталите ќе се објават на интернет страницата на ФПСМ и ќе ви се достават на вашите мејл адреси.

Претходен написи
Половина метар снег на Попова Шапка
Следен напис
Шапка денес почна да пегла
Мени