Продолжена забрана: Скијачките центри затворени уште две недели

Вести

Италија го одложи почетокот на своите скијачки центри до 18 јануари, бидејќи регионалните власти побараа повеќе време, проценувајќи дека не се исполнети условите за отворање на 7 јануари, како што беше планирано.

Министерот за здравство Роберто Сперанза се осврна на проценката на локалните власти во неговиот извршен декрет во саботата, одложувајќи го отворањето на ски-центарот, пренесува Хина.

Вакцинацијата во Италија започна минатата недела откако повторно беше воведен карантин на Божиќ, 24 декември, со цел да се спречи ненадејното ширење на епидемијата за време на празниците и да се отстрани заканата од третиот бран, од кој се плашат здравствените работници.

Италија, која во саботата пријави 9.166 новоинфицирани и 364 мртви, се надева дека ќе ја продолжи кампањата за вакцинација овој месец, која планира да вакцинира 470 000 луѓе неделно.

Франција, исто така, размисли за можно лансирање на жичницата на 7 јануари, но владиниот портпарол Габриел Атал во средата рече дека тоа е „малку веројатно“ поради високото ниво на инфекција.

Претходен написи
К2: Акцијата продолжува утре
Следен напис
Pinturault најбрз во двете спуштања за победа во Adelboden
Мени