Словенецот Martin шокира со победата во Val d’Isere на првиот спуст сезонава

Вести

Cater за големо изненадување доаѓа до првата своја победа на Светскиот Куп во алпско скијање. На 27 години , ја обезбеди победата пред австриецот Otmar Striedinger со 0,22 секунди предност како и релативно непознатиот швајцарец Urs Kryenbuehl.

Сончевиот ден на Француските Алпи придонесе за добра и брза трка, а словенецот кој е во подредена улога беше во делот скијачи кои стартуваа подоцна.

Како што се случи и на Олимписките игри во дисциплината Super G при изненадувчката победата на Ester Ledecka (оригинало сноубордерка од Чешка), некои телевизии веќе го прекинаа преносот пред настапот на словенецот.

Ова е прв финиш воопшто на подиумот за Cater со најдобро време на осмо место минатата година во Wengen 2019.

Со стартна позиција бр.41 на Словенецот очигледно му одговара подолгото чекање за старт и ја нападна патеката со одлична аеродинамика.

Striedinger го повтори својот најдобар резултат во кариерата, по второто место во Beaver Creek во Super G дури во 2013г.

“Знаев дека имам одлично возење но не верував дека е до толку добро. Се надевав за топ 10 или топ 15 финиш, но навистина е тешко понекогаш. Мислиш дека си брз ама не си.” – си ја отвори душата Martin Cater.

Додека пак саботното Super G беше под тешки снежни врнежи и скоро па никаква видливост – денеска блесна сонце и условите беа ричиси совршени. Но вакви совршени услови пак не значат совршено скијање, па имаше доста возбуда и акција на патеката за спуст. Драмата започна од самиот почеток, вчерашниот победник во Super G Mauro Caviezel кој закачи едно знаменци уште на стартот и го завлече со него некои 20 секунди во горниот дел на патеката. Caviezel некако успеа да го откачи знаменцето и сепак да ја заврши трката. Светскиот Шампион Aleksander Aamodt Kilde исто така личеше дека ќе оствари победа но најпрво Kryenbuehl, а потоа Striedinger со реден бр.26 и на крајот Cater го исфрлија Норвежанецот од првите три.

Исто така имаше и неколку излетувања, кога Niels Hintermann падна по излетување на едната скија и заврши во заштитната мрежа.

Brodie Seger од Канада падна неколку метри од целта и требаше да го помигнат.

За тимот на Canada ова не беше единствен пех, кога James Crawford кој беше во борба за подови прелета блоиску до едно техничко лице на патеката и мораше да се исправи со што ја наруши својата линија. Стјуардот кој стоеше преблизу до скијачите беше причината, Канаѓанецот да заврши дури на 44то место.

Ѕвездата на денот беше токму Cater кој сега се надева дека оваа победа ќе му даде самодоверба за него понатаму.

Неговата сонародничка и двократен шампион со спуст е Ilka Stuhec, која побрза да му честита на твитер.

Претходен написи
Владата итно да стартува со изградба на гондола
Следен напис
Кога ќе ги пуштаат лифтовите?
Мени