Како снегот е се поприсутен, така и скијачките апетити растат.
Повеќе австриски, француски, италијански ски центри деновиве со солидна снежна покривка. Регионално забелеа и големите балкански двеилјадарки, вклучувајќи ги и Шара и Кораб. Добра најава за сезоната 2022. Според метео прогнозите и разговор со оние кои го следат и времето дури и за земјоделски прогнози, се очекува барем за скијачите и бордерите квалитетна зима со повеќе снег и студени периоди. Период во кој сите треба да си направиме попис и ревизија на опремата. Една од подобрите вести е дека патување и скијање во странство ќе има, а ние се враќаме на супер хедонистичките тури , вино, француски сир и километарските ски патеки низ француските алпи. Изненадувања ќе има најмалку со три дестинации кои гарантираат квалитетно скијање и уживање во францускиот монденски шарм на елитно скијање. Секако и на локалната сцена скијањето и ски туринг календарот ќе биде присутен со прифатливи скијачки дестинации и за новите ски планинари, причина плус да се биде спремен за снежниот адреналин.