ЦУК вечерва со голема спасувачка акција

Вести

Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила Принц.

Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.

На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кој се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент.

Previous Post
Деца подготовки за првото скијање
Next Post
Paradiski Les Arcs, Француските Алпи