Британскиот актер Џулијан Сендс исчезна на планинарење

Вести

Џулијан Сендс, британски актер најпознат по улогите во филмовите како што се драмата „A Room With a View“ од 1985 година и хорор филмот Warlock“ од 1989 година, исчезнал додека планинарел. Сендс бил пријавен за исчезнат околу 19:30 часот минатиот петок, на 13. јануари. Актерот пешачел во планинарската област Baldy Bowl, приближно 80 километри североисточно од Лос Анџелес.

Екипите почнале да ја пребаруваат областа веднаш откако Сендс (65) бил пријавен за исчезнат, според официјалните лица на Одделот на шерифот на округот Сан Бернардино. Сепак, групите морале да бидат повлечени во саботата навечер, по околу 24 часа потрага, поради ризикот од лавини и условите на патеката.

Сендс е познат како ентузијастички планинар, а во 2020 година за ThriveGlobal изјавил: „Сакам да се качувам по планини, поминав многу време на Алпите низ годините, многу време на Андите, Алјаска и американските ланци”.

Властите продолжија со повремените пребарувања со хеликоптери и беспилотни летала. Сепак, групата за пребарување не била распоредена повеќе од четири дена. Додека одделот на шерифот планира да започне копнена операција кога ќе се подобрат временските услови, властите во моментов ги предупредуваат потенцијалните планинари да се држат настрана од областа.

Областа за планинарење Baldy Bowl се наоѓа во близина на планината Baldy во планините Сан Габриел во Јужна Калифорнија. Во текот на изминатата недела ноќните температури во оваа област се спуштале до -20 степени Целзиусови.

Сендс глумеше во филмови и ТВ серии пред да се прослави со главната улога на Џорџ Емерсон, глумејќи покрај Хелена Бонам Картер во „A Room With a View“ на Џејмс Ајвори. Други значајни заслуги вклучуваат „Warlock”, „Leaving Las Vegas”, „Arahnophobia” и „Naked Runch”.
Во последниве години, Сендс играше филмски улоги во значајни наслови како што се „Benediction“ и „The Painted Bird“.

Претходен написи
update: Викенд планинска прогноза 20-22 јануари
Следен напис
Попова Шапка и Маврово отвараат утре 22 јануари