И викендов очекуваме претежно сончево и прилично топло време, па за движење в планина нема да има пооголеми проблеми. Имајте само на ум дека повисоките планини сеуште „држат“ снег, а делумно имавме и обновување на снежната покривка, па во комбинација со топлото време можно е да се очекуваат одредени услови за лавинска опасност (оваа информација земете ја со резерва бидејќи лавинологијата сепак е надвор од наша компетенција, а доволно сме самокритични за да не се мешаме онаму каде не се разбираме доволно.
САБОТА:
Претежно ведро време. Локално висока облачност Одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2800 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу 9°С.
Исток: Околу 11°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб запад – северозапад
Исток: Слаб запад – северозапад
Ветер над 2000м:
Запад: Умерен северозапад
Исток: Умерен северозапад
НЕДЕЛА:
Претежно ведро време. Наутро услови за локална облачност во централен и источен регион, а попладне мала облачност над планините. Одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2400 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу 9°С.
Исток: Околу 9°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб југозапад
Исток: Слаб југозапад
Ветер над 2000м:
Запад: Умерен запад
Исток: Умерен запад
Останете безбедни.