Водно доби нови патокази и инфо табли

Вести

Во текот на изминатиот викенд преку Програмата за развој и соработка од Република Чешка, а преку Амбасадата на Р. Чешка во рамки на Пилот проект за означување на планинарски патеки на планината Водно и една планинско велосипедска патека на Скопска Црна Гора, Комисијата за планинарски патеки при ФПСМ постави инфотабли со основни информации за патеките на Водно, велосипедската патека на Скопска Црна Гора. На овој начин сите посетители, спортисти, рекреативци ќе имаат основни информации за име на патеката, должина висински профил, со што ќе се олесни изборот на патеката по која ќе може да се рекреираат во согласност со нивната психофизичка состојба.

На планината Водно опфатени се дел од најфрекфентните патеки на кои се поставуваат патокази – вкупно 42. На овој начин посетителите ќе имаат основни информации за патеките, правците на движење, како и време и должина на патеките. На Скопска црна гора означена е планинско велосипедската патека (МТБ) која прави затворен круг од 30 км а почнува од село Бањани и ги поврзува манастирите св. Илија и св. Никита. На оваа МТБ патека, поставени се 12 Патокази, и дополнителни ознаки. Сите информации воедно ќе бидат достапни и на веб порталите на ФПСМ, Град Скопје, Агенцијата за подршка и промоција на туризмот како и на други портали кои даваат информации за планинските патеки.

Воедно комисијата повикува доколку забележите одредени оштетувања или уништување на патоказите, да ја споделите информацијата, како би можеле благовремено да интервенираат.

“Сите забелешки кои се однесуваат со цел на подобрување на инфраструктурата на патеките се добродојдени, бидејќи наша цел е да ви овозможиме безбедно движење по истите. Се надеваме на сестрано задоволство дека Институциите и град Скопје ќе изнајдат начин и средства за понатамошно финансирање за одржување на овие патеки.” – велат од комисијата.

 

Претходен написи
Telenot трета година ќе ги подржува алпското и нордиското скијање
Следен напис
GPS записи за патеките на Водно