Двајца руски планинари загинаа на врвот Ленин

Вести

Двајца руски алпинисти загинаа на врвот Ленин во Киргистан (7.134 метри), објави киргистанската новинска куќа. Врз основа на други локални извештаи, еден од планинарите бил водичот Вјачеслав Шеико, познат како Слава Топол. Другиот е неговиот клиент Георгиј Веселовски.

Двајцата Руси загинаа на околу 6.100 метри на врвот Ленин на 28 август. Лицата биле на возраст од 38 и 41 година, според страницата.

„Фактот е регистриран, истрагата е во тек“, објави медиумот.

Врвот Ленин (или Пик Ленин) се наоѓа на границата на Киргистан и Таџикистан во планинскиот венец Памир. Слава Топол има значително искуство на планината, откако се пласираше на третото место на Lenin Peak Sky Marathon 2019 година, кој Ak-Sai Travel го нарече „највисока планинска трка во светот“.

Според рускиот сајт Mountain.ru, двајцата најверојатно починале од јаглерод моноксид додека го користеле својот шпорет во шаторот. Тоа беше чудна смрт, со оглед на искуството на Слава Топол на планината. „Тој беше легенда, легендата на Ленин Пик“, изјавија за него. Тој го искачил врвот 26 пати.

Претходен написи
Kачувачки фестивал Демир Капија 2022
Следен напис
За прв пат по еден век рекордна топлина ги откажа качувачките тури на Алпите