Kачувачки фестивал Демир Капија 2022

Вести

13 качувачки фестивал во Демир Капија, кој ќе се одржи 1 и 2 октомври 2022 год.
Како и секоја година, ве очекува фантастично качување на повеќе од 350 насоки со различен стил, тeжина и со должини од 15 и 250м. Правилата се едноставни, натпревар во маратонско качување на што повеќе насоки, слободно качување, државно првенство, дружење, музика …!!!

Се качува во парови, а се бодуваат сите без пад искачени насоки во водство, независно од бројот на обиди. Една насока носи само еднаш поени.
Натпреварите се:
1. 12сет часовен маратон за качување:
* Изберете ја вашата категорија за качување;
– Категорија #1 – насоки со тежина до 6c+,
– Категорија #2 – спортско качувачки насоки со тежина од 7а ;
Секоја искачена насока носи одредени поени за качувачот.
Победникот е качувачкиот пар со највисок заеднички резултат.
Секако, паровите може да бидат од мешан пол!

2. Предизвик Petzl награда: качете ги сите означени насоки – по една во секој сектор во локалитетот Демир Капија и освоите јаже Petzl!
3. Државно првенство во спортско качување на природна карпа за категорија од 16+ и ветерани над 45 години!

Претходен написи
ХАЛК БАНКA ТРЕТА ГОДИНА ВО МАВРОВО ЈА ОРГАНИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА HALK VELO GREEN
Следен напис
Двајца руски планинари загинаа на врвот Ленин