Демолирана внатрешноста од планинската кула на Титов врв

Вести

Целосно е демолирана внатрешноста од планинската куќа на Титов Врв. Според увидот, на планинарскиот клуб „Аргентус Маунт“, уништувањето го направиле најмалку две лица кои на импровизиран начин влегле на горниот кат, со чекани искршиле 10 прозорци, пластични стакла, ги откорнале и профилите од прозорците, го запалиле и агрегатот за струја од 3 KW, со 10 литри бензин во него, изгорени се и испокршени и други материјали и алати кои дополнително ќе се утврдат при расчистувањето на штетите.

Планинарскиот клуб Аргентус монт од Тетово откако објави дека се оштетени прозорците на планинарската кула на Титов Врв на Шар Планина, го посетиле објектот и утврдиле дека била демолирана и внатрешноста од кулата.

Во нивната објава на Фејсбук посочуваат дека бил запалена шпер плоча, искорнати биле прозорци, запален агрегатот за струја во кој имало 10 литри бензин и биле оштетени и други елементи во објектот.

Планинарите привремено ги затвориле испокршените прозорци, со цел во кулата да не навлегува снег во зимскиот период. Целосната санација најавија во наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.

Пресметката на планинарскиот клуб е дека е направена штета од околу 55 илјади денари. Инцидентот се случил меѓу 8 и 18 декември.

Претходен написи
Викенд планинска прогноза 24-25 декември
Следен напис
Новогодишна викенд метео прогноза 31-1