Единствениот Македонец на ултра велосипедска трка во САД долга 6.920 км

Вести

Игор Талевски од Скопје, член на Шри Чинмој Маратон Тим, ја заврши само-поддржаната трка со велосипед низ САД, „Транс Америка рута“ (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6.920 км од западниот до источниот брег. Талевски се рангираше на шестото место од вкупно 42-ца натпреварувачи.

Се вози со велосипед низ 10 држави на САД, рутата покрива претежно северни држави. Концептот на трката е таков што целото возење мора да е самостојно, без никаква поддршка од тим и трката е една етапа од почеток до крај, без застанување на часовникот и се брои покрај часови секако и во денови.

Претходен написи
Знаци на дехидрираност
Следен напис
Шара конечно прогласена за национален парк!