Знаци на дехидрираност

Најочигледни симптоми за дехидрираност е жедта. Многумина се склони чувствота на жед да го мешаат со глад. Во лето изложеноста на дехидрирање е поголема во однос на зимските тури. Симптомите кои ќе ви покажат дека на вашето тело е жедно и му треба вода:

Главоболка – Од недостаток на течности боли глава, во мозокот водата е околу 75%. Кога овој показател е намален, не доаѓа доволно количество кислород. Ситуацијата е сосема сериозна.

Мускулни грчеви – За нормална активност на мускулите потребна е слободна циркулација на натриум, магнезиум и други супстанции, транспортирани од крвта со помош на течностите.

Апетит – Чувството на жед и глад често се мешаат, па затоа ако почувствувате глад,  напијте се прво вода.

Зголемен глад за солено – Телото моли за сол, се обидува да го стабилизира водено-солениот баланс, нарушен поради дехидратацијата.

Алергија, одбивност за храна – Храна која нормално сте ја поднесувале, сега ви е одбивна.  Според некои лекари алергиски реакции може да се поврзани со недостаток на течности. При дехидратација се зголемува нивото на хистамин кој провоцира видни манифестации на алергиите.

Телесни течности – Темната, концентрирана урина е знак дека има недостиг на течности во уринарниот систем.

Тврда столица – Дехидрираното тело се обидува да си обезбеди вода од сите можни извори.

Густа плунка – Води до акумулација на наслаги на јазикот и непријатен здив.

Поспаност – Произлегува од заштитната реакција дехидрирано тело против летаргија.

Анксиозноста, нервоза и агресијата – Последица на телесен дисбаланс, резултат на дехидрација.

Најчести симтоми при напорни тури на планина, блага до умерена дехидратација – сува кожа, сува, леплива уста, замор, главоболка, зашеметеност, вртоглавица, поспаност, намалена количина на урина и солзи, мускулни грчеви.

Тешка дехидратација – екстремна жед, низок крвен притисок, срцебиење, забрзано дишење, иритабилност, конфузност, потонати, вдалбнати очи, сува кожа која не се враќа кога ќе се штипне, треска, мала количина темна урина, делириум, бесвесност во тешки случаи. Хроничната дехидратација може да води до создавање на каменчиња во бубрезите, запек и грчеви поради електролитна нерамнотежа.

Претходен написи
Каква храна е најдобро да понесете на планинарење, велосипедизам или скијање
Следен напис
When in Krusevo 2020
Мени