Тешко е да се замисли еден ден на пиротехничарите во Македонија додека не се најдете во немилост на планинските терени на кои не стапнала човечка нога со децении. Ефтим Митров, раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување, во интервју открива дека во Македонија врие од неексплодирани експлозивни средства, посебно по планините во јужниот дел на земјава. Toa значи дека и планинарите се изложени на сериозна опасност за која и не се свесни. Затоа, мора да се информираме за тоа како стојат стварите и да внимаваме.
Галичица ја третираат како најминирана. Лани имаше пожар и имаше две три експлозии. Колеги отидоа после пожарот и најдоа три неексплодирани направи. Повеќето се од Прва светска војна. Тие се таму 110 години, а ние постоиме 16 години. Не знам зошто не се чистело за сите тие години. Но, теренот е лош. За да стигнат луѓето доттаму, има 3,5 часа во еден правец – вели пиротехничарот Митров.
Целото интервју проследете го тука.