Oтворањето на 13тото издание на ЕХО фестивалот за планински филм, ќе се одржи на 19ти септември / 19 часот / во Парк киното МКЦ.
Отворањето на фестивалот ќе биде посветен на доајенот на Македонскиот документарен филм со доделување на постхумно признание за животно дело од страна на фестивалот, режисерот Кочо Недков и проекција на негов краток филм, а негови дела ќе се проектираат и во следните денови.
Вечерта после официјалниот дел ќе продолжи со две исклучителни приказни:
19:30 „Последната планина“, Крис Терил, Велика Британија, 2021, 100’
21:30 „Оганот на љубовта“, Сара Доса, САД, 2022, 93’
За годинешново издание е составено од програма од 50 филмови, повторно ќе се проектира на три кино локации, ќе има 10 предавања на разни теми од кои едната е од наградуваниот режисер Дарек Залуски (Полска), со предавање (мастер клас) на темата „Алпинизам и документаристика“, 3 работилници за најмладите, и една наменета за студенти во полето на филмот модерирана од Илија Тирицовски (ОХО Продукција) со наслов “Споделување приказни за креирањето на Планински Филмови“
Кратката програма разгледајте ја преку линкот.
Како и досега, влезот на сите настани на ЕХО 2022 е слободен.