Зелено светло за трката во Levi благодарение на увезениот снег

Вести

Финското натпреварување од Светскиот Куп во Алпско скијање (FIS) ќе се одржи со потврдата на соодветно ниво на снег во Levi.

Закажано за викендов, 21ви – 22ри Ноември, со два едно подруго слалом натпревари  ќе се одржи викендов после трката во Sölden на 17ти Октомври.

Настанот е овозможен по одобрување на “снежната контрола” благодарение на снежна фарма која е метод користен на овој ски центар во ситуација на ограничени снежни врнежи.

“Оваа година тимовите немаат можност да се спремаат предвреме во ски центарот во Levi бидејќи топлото време не ни овозможи поволни услови за тоа. Оваа година натпреварувачите пристигаат во Levi само неколку дена пред самата трка. Температурите се малку потопли во последно време, но за среќа нема да му наштетат на главниот настан,” изјави директорот на трката, Petri Tuomikoski. А посебно се заблагодари на Levi ски центарот кој овозможи т.н. снежна фарма т.е. производство на снег и соодветни услови.

Mikaela Shiffrin се враќа викендов на ФИС натпреварите.

Како главен директор на трките од Женскиот Куп во Алпско скијање за жени – Peter Gerold го одобри одржувањето на овој настан, додека официјалните лица на FIS дадоа зелено светло за снегот.

“Пресреќни сме да објавиме дека и покрај сите овие предизвици и во едни посебни услови што не снајдоа како и потопло време, патеките се спремни за натпревар. Исто така се заблагодари на организаторот Финската Ски Асоцијација и Леви Организацискиот Комитет кој овозможи да се одржува натпреварот во овие незгодни времиња.” самоуверено изјави Gerold.

Четирикратниот Светски Шампион во Алпско скијање Mikaela Shiffrin се враќа токму сега во акција и повторно е на чело на тимот на САД после паузата од 300 дена во главните настани.

Shiffrin запиша историја лани во Levi откако го собори рекордот на победи во слалом на Светскиот Куп, со вкупна бројка од рекордни 41.

Таа ќе настапи со реден бр.1 од вкупно 69 натпреварувачки од 19 земји.

Со реден бр.2 настапува Michelle Gisin од Швајцарија а со реден бр.5 е Petra Vlhova од Словачка, можеби и главен конкурент на Mikaela.

 

Претходен написи
Арктичките научници шокирни од затоплувањето
Следен напис
Со првиот минус Копаоник почна да се спрема