Уште еден голем успех за Македонија и за клубот I love hiking во високогорството. Ирина Дишовска заедно со Лазо Миновски (клуб H20) денеска го искачија Ама Даблам 6812м. Ирина е првата девојка која оваа година успеа да го искачи овој див. Во услови на големи минусни теператури, успеаа да се искачат безбедно. Како што вели таа во дописот: „Најтешко на свет, изгорени, ослабени ама во душата исполнети“.
„Конечно да објавам со фотографии дека во сабота на 23.10.2021 во 09ч по локално Непалско време се најдов горе на врвот на Ама Даблам 6812 мнв. Неможам да опишам какви емоции имаше во мене (со солзи) да скоро заборавив на ладното и исцрпеноста која ја имав. Со Ирина работевме оваа година и желбата си ја остваривме. Фала на сите кои не следевте и споделувавте информации за нас. Поздрав до пријателите (спонзорите) кои ни помогнаа за нашиот сон. А голем поздрав до сопругата и децата кои ме подржуваа и ме трпеа оваа планинарска година.“ – напиша Лазе на својот фејсбук профил.
Им честитаме од се срце и им посакуваме да се вратат безбедно дома.