КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – ТУРИЗМОТ ВО ОПАСНОСТ

Вести

Исчезнуваат плажи, екстремни горештини, урагани, скијачки центри без снег… Сето тоа се последици од климатските промени врз туризмот. Туристичките работници не треба да чекаат премногу за да се прилагодат на новите услови.

„Сè уште има малку докази дека однесувањето на луѓето при патување се менува поради климатските промени“, вели Томас Дворжак, координатор на студијата за германската Федерална агенција за заштита на животната средина. Иако предупредувањата за последиците по туристичката економија се трупаат со години, има само неколку студии кои покажуваат конкретни последици. „Многу Европејци едноставно се робови на навиката“, вели Дворжак. „Секој кој веќе 20 години оди на летен одмор во Италија, ќе продолжи да го прави тоа.

Изолирани случаи

Настаните како несреќата на глечерот во Доломитите, во која единаесет лица ги загубија животите на почетокот на јули, имаат само краткорочен ефект врз намалувањето на бројот на туристи, вели Дагмар Лунд-Дурлахер, професор по одржлив туризам на Универзитетот Модул во Виена. „Само ако постојано има поплави или лавини на одредена локација тоа ќе се одрази на тамошниот туризам.

Но, досега тоа не беше случај, бидејќи се работи за изолирани случаи. „Знаете дека опасноста е таму, но не ја поврзувате со некој посебен регион.“ Карибите се еден од исклучоците, како што покажа силната тропска бура што ги уништи Бахамите во септември 2019 година, предизвикувајќи туризмот на островската држава да колапс.

Друг е случајот со зимскиот туризам, кој е особено изложен на климатските промени: зголемените температури ја намалуваат шансата да има доволно снег на скијачките центри. „Тука со најголема веројатност може да се докаже врската меѓу климатските промени и туризмот, бидејќи ако неколку години по ред нема снег во еден регион, нема повеќе скијачи“, вели Томас Дворжак.

Тој проблем е добро познат, особено на Алпите, но сепак може да се маскира засега благодарение на модерната технологија. „Скијањето е загарантирано во повеќето случаи исклучиво благодарение на вештачкиот снег“, вели Арнолд Шулер, советник за туризам во Јужен Тирол. Затоа во таа италијанска провинција сè уште не е забележлив тренд на зголемување на летниот во однос на зимскиот туризам – бројот на ноќевања месечно е речиси ист како во 1995 година.

Сепак, како што нагласува Шулер, тоа сигурно нема да остане така. А вештачкиот снег не е секогаш спас и може да се направи само до одредена температура. Веќе има области каде скијањето повеќе не е можно во текот на целата година поради топењето на глечерите.

Големи проблеми за традиционалните туристички региони

Топење на снегот, исчезнување на плажите, урагани и поплави се само дел од феномените кои климатските промени ќе ги донесат со себе и кои ќе се одразат на туризмот. Експертите со години предупредуваат дека недостатокот на вода и екстремната топлина може да направи многу региони неатрактивни за одмор.

Претходен написи
Новогодишните празници без скијање
Следен напис
Огромeн врв на Хималаите се искачи за прв пат