Конкурс за најдобра планинска фотографија 2022

Вести

Појдени од идејата за ширење на аутдор спортови и планинарска традиција. ПК Македон повторно оваа година наоѓа некоја причина, да ги здружи истомислениците, да креира, да мотивира и едноставно да го рашара секојдневието.
Затоа, на 11ти декември, Денот на планината и оваа година продолжуваме со организација на фото конкурс за избор на три најдобри фотографии инспирирани од моменти на нашите планини, кои вие низ вашите патувања сте ги овековечиле.

Некој слика рекреативно, некој се навооружува со најнова и професионална опрема а тука, сите сте добредојдени да ги споделите вашите автентични дела, моменти кои сте ги „фатиле низ ваши очи’’ – нашите планинските убавини.

Услови и критериуми за аплицирање:
. Правилно експонирана, остра и задоволителна композиција
• Добра резолуција со минимум 2000 пиксели.
• Да е ваше автентично дело, фотографирано на македонските планини
• Да биде направена во изминатите три години (од 2020 – денес).
Вашите избрани дела испратете ни ги најдоцна до 11.12.2021 до 00:00ч. на нашиот e-mail sliki.makedon@gmail.com со поднесување на:
• Максимум 1 фотографија,
• Ваше име и презиме,
• Краток опис или креативна дескрипција на фотографијата,
• Датум и локација.

Избираме вкупно три фотографии за прво, второ и трето место.
А секако, за мала мотивација, доделуваме и интересни награди:
1. Прво место:
Вредносен ваучер од 3,000.00 денари oд кај нашите пријатели @scoutoutdoorshop

2. Второ место:
Нашата мисија за поддршка на локални млади иницијативи/бизниси, а особено предводени од жени, продолжува. Овојпат во соработка со @5.do.12 добитникот на второто место ќе добие рачно изработени дрвени подметачи со планински мотиви.

3. Трето место:
Третото место секогаш го оставаме за некоја планинска книга. Нашиот избор оваа година е Панински врвови во Македонија од Марио Шаревски каде ќе откриете врвови што со сигурност не сте ги чуле и искачиле.
А за сите три места имаме и уште едно мало изненадување.
Избирањето на фотографиите ќе биде од страна на жири составено од планинари и професионални фотографи, со кои ќе бидете запознаени додека трае овој конкурс.

Добитниците на првите три места ќе ги објавиме на 16 декември на нашите социјлни мрежи. Ве охрабруваме да се пријавите – да направиме овој настан да прерасне во долгогодишна традиција.

Претходен написи
Предавање за техники на водење
Следен напис
Снежен рај утрово на Попова Шапка