Маж и жена ќе возат електричен автомобил до крајот на земјата

Вести

Крис и Џули Ремзи од Абердин, ќе одат на патување од 17.000 милји низ најтешките терени на земјата за да ја подигнат свеста за климатските промени. Тие ќе ја започнат својата експедиција на северниот пол пред да возат низ 14 земји, завршувајќи го нивното исцрпувачко патување на Јужниот пол.

„Ќе ја поминеме секоја можна клима во однос на температурата и теренот. Од екстремниот поларен терен до планинските терени на Андите и Патагонија“ – рече Џули.

Речиси едногодишната авантура треба да започне за помалку од еден месец, со што двојката ќе биде зафатена 24/7.

„Северниот пол е домот на поларната мечка, па ние ќе газиме колку што можеме полесно низ тие региони. Тој е 80% мраз и затоа треба да го напуштиме Арктикот до април, бидејќи за жал, морскиот мраз се топи“ – рече тој.

Откако претходно работеле во секторот за нафта и гас, Крис и Џули сега се опишуваат себеси како „авантуристи со полно работно време“. Тие сакаат да покажат за што точно е способен електричниот автомобил, дури и во области каде нема инфраструктура за полнење.

„Планот е да имаме елементи од обновлива енергија што ги имаме во изобилство на земјата за да го полниме автомобилот додека патуваме. Се работи да се покаже дека електричните возила се способни за ова. Ние само треба да се потсетиме дека целта на ова не е за нас, туку за поголемата порака што сакаме да ја споделиме“.

Претходен написи
Mavrovo on Snowshoes
Следен напис
Планинари достигнаа 7.577 метри на Хималаите со падобраН