Mavrovo on Snowshoes

Вести

Тимот на Маврово365 ве поканува на презентација на нивната нова туристичка понуда – Маврово на снежници, што ќе се одржи на 14.03.2023 во 10 часот во планинарскиот дом Царевец, во Маврово.

„Го организираме овој настан за да ви го претставиме проектот на кој работевме изминатиов период со цел да ја збогатиме понудата на алтернативен и зелен туризам во Маврово, воедно и да ве запознаеме со можностите за соработка кои ги отвораме за локалното население и сопствениците на мали бизниси од Маврово и регионот.“

Во рамки на настанот, предвидено е да биде реализирана лесна планинарска тура со снежници со цел гостите одблизу да се запознаат со активноста, рутата и искуството што им се нуди и претставува на туристите.

„Ве охрабруваме, покрај присуството на презентацијата, да ни се придружите и на турата за да се уверите колку забавна и лесна активност е планинарењето со снежници. Заинтересираните треба да поседуваат топла зимска облека и зимски чевли, додека снежници и планинарски стапчиња обезбедуваме ние“ – велат од Тимот на Маврово365.

Претходен написи
Инкубаторот за супер скијачи клубот Скади прокнижи нови успеси за македонското скијање
Следен напис
Маж и жена ќе возат електричен автомобил до крајот на земјата