Највисоката планина на која не стапнало човечко стапало

Вести

Не е највисоката планина во светот, не гледаме специјални документарни филмови за неа на ТВ каналите, но она што сепак ја прави уникатна е фактот дека тоа е највисоката планина на планетата на која сè уште никој не се искачил. Планината Мучу Чиш се наоѓа на северот на Пакистан и со своите 7.456 метри надморска височина е дел од планинскиот венец Каракорам. Знамето сè уште не е развеено на неа, ниту пак се направени фотографии. Многу планини доаѓаат до израз со тоа што некој го освојува нивниот врв. Слично беше и со Монт Еверест, кој го дочека тој момент во 1953 година, кога човек првпат стапна на највисокиот врв.

„Постои еден вид авторство за секое прво искачување – како писател или сликар што создава нешто од нула“, вели Џејсон Мартин, извршен директор на Американскиот алпинистички институт. „Мислам дека најголемата и најинтересната работа во врска со првите искачувања на гигантски, оддалечени планини како оваа, каде што во основа си астронаут, е токму тоа – да се дојде до место каде што никој не бил порано. Друг елемент, се разбира, е дополнителниот предизвик што нема информации како да се направи тоа “, посочува Мартин.

Друг азиски врв, високиот 7.570 метри, Гангкар Пуенсум, сè уште е вистинската највисока, не посетена планина на Земјата, но нејзината локација во Бутан (каде планинарењето е забрането од 2003 година) значи дека овој врв е повлечен од плановите за планинарска експедиција.

Претходен написи
Попова Шапка ги стопираше лифтовите
Следен напис
К2: Акцијата продолжува утре