На Проклетије загина планинарка од Србија

Вести

Планинарката Далиборка С.(41) трагично загина во саботата вечерта додека била со планинарскиот клуб на Проклетије во Црна Гора, јавуваат белградските медиуми.

„При спуштање од врвот Очњак 2.185 метри, на Проклетије, во необезбеден стрмен дел од патеката, дојде до лизгање и пад со трагичен исход. Нашата драга Дада тргна на планинарење во рајските простори… До семејството, роднините, колегите, Планинарската заедница и сите кои го познаваа тато, упатуваме најдлабоко сочувство“, напишал пријател на жртвата, a пренесуваат српските медиуми.

Планинарското друштво Стара Пазова на Фејсбук ја објави тажната вест, а како што изјавија, Далиборка е нивен долгогодишен член. Тие се простија од неа со трогателна порака.

„Најтешката, незамислива вест нè погоди во саботата навечер. Нашата долгогодишна членка, другарка, пријателка, Далиборка трагично го загуби животот при планинарска активност на Проклетије. Количината на тага што ја чувствуваме сите ние што ја познававме Дада е неопислива“, изјавиле меѓу другото во описот на фотографијата.

Претходен написи
Голема суша и претоплото време алпите под притисок и тест на издржливост
Следен напис
K2 почнува да наликува на Еверест