Голема суша и претоплото време алпите под притисок и тест на издржливост

Вести

Големата суша и претоплото време ги држи алпите под голем притисок и тест на издржливост. Каква е иднината на летниот ски туризам, глечерските центри се почесто затворени заради заштита на остатоците од глечерите.

Редок настан е новиот рекорд во зоната на Zermatt, Gornergrat , балоните на Meteo Switzerland на 25.07.2022 година требале да се искачата дури на 5184 м.н.в. за да достигната “freezing level” односно 0° степени и со тоа се замени стариот рекорд од јули 1995 година на 5117 м.н.в.

Италијанскиот Passo Stelvio е најновото скијачко одморалиште кое се затвора бидејќи топлите температури го земаат својот данок. Некои се прашуваат уште колку години скијањето на глечерите во Европа ќе може да продолжи. Нивото на замрзнување во Швајцарија моментално е над 5.000 метри, повисоко од кој било алпски врв.

Zermatt, Gornergrat се помалку вечни снегови

Нивото на замрзнување е на речиси 4.500 метри во планинската област околу Пасо Стелвио. Тоа е многу над највисокиот врв и иако одморалиштето се обиде да остане отворено, сега одлучи да се затвори. Мерката ја нарекува „привремена суспензија“ и се надева дека повторно ќе се отвори за летно скијање штом температурите ќе паднат и условите ќе дозволат.

На Алпите само Zermatt во Швајцарија и Hintertux во Австрија остануваат отворени за јавноста. Saas-Fee во Швајцарија е отворен, но само за скијачките натпреварувачки тимови.

Les2Alpes во Франција беше принуден да се затвори крајот на јуни. Val d’Isere, дури и не ја отвори областа на глечерот Pisaillas за летно скијање, а соседниот Tignes, исто така, сега не може да понуди летно скијање.

Топлите температури низ Европа ова лето беа особено штетни за глечерите бидејќи рапидно го забрзаа нивното топење.

Во Италија, глечерот на Мармолада на Доломитите делумно се урна при што загинаа 11 луѓе кои пешачеа. Некои од патеките за искачување во долината на Chamonix се затворени поради опасност од паѓање на карпи.

„Поради овој постојан топлотен бран, условите на високите планини во моментов се споредливи со оние што вообичаено се среќаваат кон крајот на август“, се вели во соопштението на туристичката канцеларија Chamonix .

„Озлогласениот Couloir du Gouter на класичното искачување на Мон Блан е особено опасен поради постојаните паѓања на карпи.

„Оттука и неодамнешната одлука донесена од главните водечки структури во Chamonix и Saint-Gervais да ги прекинат сите искачувања на оваа конкретна маршрута за момент“.

Претходен написи
Стопирани контраверзните планови за спојување на Sölden и Piztal 
Следен напис
На Проклетије загина планинарка од Србија