ПК Македон организира Младинска биолошко-планинарска акција на Осогово

Вести

Драги пријатели, следачи, сопланинари и планинарки! Се ближи Светскиот ден на птиците преселници (8 Мај) 🦅 а ние со помош на нашите пријатели биолози спремаме нешто поразлично и едукативно.

На Ваша љубопитност а наше задоволство, сакаме да ве поканиме на една поинаква планинарска акција, на акција за учење и истражување! На овој еднодневен ‘’час по биологија’’ кои ќе биде проследен со лесно и интересно планинарење, поминувајќи од неколку Осоговски предели планираме да опфатиме повеќе биолошки сегменти. Што би се рекло, онака баш да си ја запознаеме природата. 😁🌿
Младите се поројот што го движат светот, цутот на надежта и блесокот на идните генерации, па затоа ова го посветуваме Вам наши млади планинари.🌿🤗

Па драги наши, ако со оваа кратка дескрипција успеавме да ви ги задржиме погледите и ако сте помеѓу 16-26 години, скролнете подолу и прочитајте ги деталите:)))

Идејата за оваа биолошко-планинарска акција потекнува од желбата да ги приближиме младите кон природата, живиот и див свет, функционирањето и поврзаноста меѓу екосистемите.
Сакаме на ваков начин младите да се едуцираат за хабитатите во еден екоситем, па затоа тука ќе бидат нашите биолози со кои ќе истражуваме за птиците преселници и видовите на птици, да учиме за влекачите и да разгледуваме попатни гуштери, змии и да научиме да не се плашиме од нив, да препознаваме билки, да разгледуваме инсекти, да погодуваме видови и се што во тој момент попатно низ пешачењето ќе сретнеме и наидеме.
Оваа биолошка акција е предвидено да биде кружна тура низ Осоговските планини, со цел да се опфати што поголем дел од овој предел во кратко време. Почнувајќи од Пониква продолжуваме кон Раткова Скала-Ратковица-Вучји камен и назад по делумно истата патека.
*Подолу е прикачена исцртана целата патека на движење
Од опрема потребно ќе биде секој да има:

  • планинарски чевли, полар, јакна за ветер, шешир или капа за заштита од сонце, планинарски стапчиња, челна ламба, крема со заштитен фактор, храна (препорачуваме енергетски барови, суво овошје, сендвич), минимум 1,5Л Вода

Акцијата е погодна и за почетници, целата кружна тура опфаќа околу 16км лесно планинарење.

Бројот е ограничен на 10 учесници + организаторите.
Превозот е со сопствени возила а учеснисите кои немаат сопствен превоз ќе бидат распределени по возила. Препорачуваме сите кои се возат во возилата да носат КN 95 заштитни маски!
Согласно мерките со КОВИД-19, секој ќе биде потребно да носи заштитна маска или прекривка и на местата каде застануваме.

Пријавувањето е најдоцна до 07.05. до 12ч!

И да не заборавиме, да понесете добро расположение а ние ќе ве вратиме со насмевки!
🌸☀️❤️🌿🙈⛰

*Организаторот го задржува правото да направи измени во рутата и денот за реализација на акцијата.

Пријавување:
Во порака на фб или
Тел:078 380 298 Хелена

Претходен написи
Задњи воз на Галичица! Или не?!
Следен напис
Како најсоодветно да спакувате ранец за планинарење?