Попова Шапка од утре со поевтини ски карти

Вести


Ски – центарот „Попова Шапка„ ги намалува цените на ски – билетите. Со намалувањето, од сабота (30.01.2021) до крајот на сезоната билетите ќе можат да се набават по следниве цени:

  • Дневен ски билет – 800 денари.
  • Полудневен ски билет – 550 денари.
  • Детски ски – билет – 400 денари.
  • Ноќно скијање – 400 денари.
  • Поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари.
  • Поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари.
  • Поединечен билет за двосед „Св. Илија“ – 100 денари.
    За сите билети во Ски – центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари. Средствата од кауцијата се рефундираат при враќање на ски – билетот на благајната. И покрај пандемијата од Ковид 19, Ски – центарот „Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона. Од тие причини, новото раководство на „ЕЛЕМ ТУРС“, Друштво кое стопанисува со Ски – центарот „Попова Шапка“ донесе одлука за намалување
    на цените на ски – билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски – центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски – центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски – центарот.

ЕЛЕМ ТУРС

Претходен написи
Кои ски центри работат за скијање
Следен напис
Lara Gut со уште една победа во super-G четири за ред